Тежок пожар во градот Малиќ, во регионот Корча, одзеде два човечки животи и остави едно дете во критична состојба, соопштија албанските власти.
Според полициските информации, пожарот избувнал околу 13:30 часот во семејната куќа на В.А., во моментот кога во домот биле неговата сопруга М.А. (40) и нивните две деца. Поради силните изгореници и задушување, М.А. починала на самото место. Нејзините деца, 14-годишен син и шестгодишна ќерка, биле итно пренесени во Регионалната болница во Корча.
И покрај напорите на лекарите, постариот син им подлегнал на повредите, додека шестгодишното девојче и понатаму се наоѓа во животна опасност.
Екипи на пожарната служба и брзата помош реагирале веднаш по пријавата, но пламенот брзо ја зафатил куќата, што ја отежнало интервенцијата.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се испитуваат, додека трагедијата ја потресе целата албанска јавност.