Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изрази оптимизам за исходот од локалните избори, нагласувајќи дека очекуваат победа во голем дел од општините.
„Се наоѓаме на прагот на голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Денеска Македонија имаше мирни и успешни избори, кои ги исполнуваат сите стандарди за демократски процес. Благодарност до граѓаните за нивната одговорност и учество“, изјави Муцунски.
Тој додаде дека очекуваат одличен изборен резултат кој, како што рече, ќе биде „порака до сите кои ја водат Македонија без концепт и визија“. Според Муцунски, граѓаните со својот избор денеска испраќаат јасна порака и ја потврдуваат својата волја за иднината на земјата.