Тетово – Попладнево се случи сериозна сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје, при што еден мотоциклист е тешко повреден, јавува 24инфо.мк.
На местото на несреќата моментално се присутни екипи на Брза помош кои го пренесуваат повредениот на лекување, како и увидна екипа на МВР која работи на расветлување на причините за судирот.
Се препорачува возачите кои се движат по овој автопат да бидат внимателни и да го следат сообраќајот поради присуството на итни служби и ограничувања на патот.