УТРО.мк

Меџити во водство во Чаир според првите излезни анкети – се слави победа во прв круг

Меџити во водство во Чаир според првите излезни анкети – се слави победа во прв круг
Vero

Во општина Чаир владее славеничка атмосфера откако првите излезни анкети покажуваат дека кандидатот Изет Меџити води убедливо и е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг.

Гласачките места беа отворени во 7:00 часот, а право на глас имаа 1.832.415 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето се одвиваше на 3.474 избирачки места низ земјата, каде што граѓаните избираа меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети, односно вкупно 10.490 кандидати.

На овие избори учествуваа 22 политички партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури. За Град Скопје беа пријавени најмногу кандидати – вкупно 16.

Во Чаир, според првичните показатели, Меџити добива силна поддршка од гласачите, што може да резултира со победа уште во првиот круг.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран