УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа, повеќе лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа, повеќе лица повредени
Vero

На 18 октомври 2025 година околу 16:10 часот на локалниот пат за село Подгорци, во место викано „Орешки“, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „цитроен берлинго“ и „цитроен саксо“, обајцата со струшки регистарски ознаки.

Возилото „цитроен берлинго“ го управувал А.О.(45) од Подгорци, додека „цитроен саксо“ го возел А.Д.(41) од истото село. Во несреќата тешки телесни повреди претрпеле возачот А.Д. и неговите сопатници Б.Р.(36) и М.М.(43), како и сопатникот во „цитроен берлинго“ М.О.(48). Возачот А.О. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга, Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и екипа на ОВР Струга.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран