УТРО.мк

Уапсен тежок криминалец на граничниот премин „Блато“

Уапсен тежок криминалец на граничниот премин „Блато“
Vero

Триесет и тригодишниот И.Л., државјанин на Република Албанија, кој се барал со меѓународна потерница, вчера попладне бил уапсен на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.

„На 18.10.2025 во 15:00 часот на граничниот премин ‘Блато’, при влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Л. (33) од Албанија, бидејќи при граничната контрола е утврдено дека е евидентиран со мерка ‘апси’ по барање на Интерпол“, се наведува во соопштението.

Лицето е задржано во полициската станица во Дебар за понатамошна постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран