На 17.10.2025 околу 12:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, 34-годишен маж бил физички нападнат од својата сопруга, З.Џ. Според пријавата поднесена на 18.10.2025 во СВР Скопје, жената употребила и тврд предмет при нападот.
СВР Скопје информира дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите на настанот.