
Нови Сад – Студенти и граѓани денеска оддадоа почит на загинатите на Железничката станица, пред 14 месеци, кога на нив падна бетонска надстрешница. Присутните држеа транспаренти со имињата на жртвите и пораки за правда.
„Нови Сад памети. Но, Нови Сад не молчи и никогаш нема – додека одговорните за нивната смрт не бидат изведени пред правдата“, порачаа студентите и граѓанските здруженија. Граѓаните почит ја оддадоа со шестнаесетминутна тишина, држејќи хартија со имињата на 16-те загинати.
На еден од транспарентите стоеше: „16 жртви, 14 месеци, нула одговорни“. За време на одбележувањето, раскрсницата кај Железничката станица беше блокирана за сообраќај.



























