УТРО.мк

Тешко повредени деца и возрасни по новогодишната ноќ: хируршките клиники преполни

Тешко повредени деца и возрасни по новогодишната ноќ: хируршките клиники преполни
Vero

Двегодишно дете со прострелна повреда на главата од огнено оружје се наоѓа во животна опасност и е хоспитализирано на одделот за интензивна нега, по драматичната новогодишна ноќ во Скопје. Засега нема официјални информации за околностите под кои настанала повредата, ниту за идентитетот на детето.

Медицинските тимови на хируршките клиники интервенирале и кај 30-годишен маж пронајден во близина на Буњаковец по пад од висина, кој бил во критична состојба и веднаш бил подложен на хируршка интервенција на ’рбетот.

Покрај овие случаи, лекарите згрижиле и 17-годишна девојка од Тетово со тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа, која била итно оперирана.

Во текот на ноќта биле евидентирани и повреди предизвикани од огнено оружје и насилство, меѓу кои прострелна рана во пределот на лактот кај лице од Скопје, повредено во Прилеп, како и физички напад со нож.

Дополнително, последиците од употребата на пиротехнички средства биле сериозни, при што околу 20 лица побарале лекарска помош поради повреди од петарди. Меѓу повредените има и две деца на возраст од 12 и 13 години, како и 69-годишен маж со тешка повреда на дланката.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран