
Првиот ден од Новата година во многу земји е исполнет со верувања и мали ритуали кои, според народната традиција, можат да го одредат текот на наредните 12 месеци. Луѓето ширум светот практикуваат различни навики со надеж дека ќе привлечат среќа, здравје и финансиска стабилност во годината што доаѓа.
Едно од најраспространетите верувања е дека на 1 јануари не треба да се плаче. Според народните толкувања, солзите на првиот ден од годината можат да донесат тага и проблеми во текот на целата година, па затоа се советува денот да помине во добро расположение.
Иако за многумина е тешко по новогодишната ноќ, раното станување на 1 јануари во некои земји се смета за добар знак. Според полското верување, тоа значи дека човек ќе има повеќе енергија и полесно ќе ги извршува секојдневните обврски во текот на целата година.



























