УТРО.мк

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА УТРОВО ВО 04:30 ЧАСОТ: Автомобил удри во столб, две лица загинаа – ужас во Хрватска

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА УТРОВО ВО 04:30 ЧАСОТ: Автомобил удри во столб, две лица загинаа – ужас во Хрватска
Vero

Тешка сообраќајна несреќа со две жртви се случила рано утрово на патот меѓу Загреб и Велика Горица, јавуваат хрватските медиуми.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 4:30 часот, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во столб за јавно осветлување.

Во страшниот удар животот го загубиле две лица.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полицијата и итните служби, а сообраќајот на овој дел од патот бил отежнат додека траел полицискиот увид.

Засега не се познати причините поради кои возачот изгубил контрола над автомобилот, ниту идентитетот на загинатите.

Полицијата спроведува истрага која треба да ги утврди сите околности под кои дошло до трагичната несреќа.

Извор: newz24live

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin