УТРО.мк

Србија оди на предвремени парламентарни избори: Владата го испрати предлогот до претседателот

Србија оди на предвремени парламентарни избори: Владата го испрати предлогот до претседателот
Vero

Владата на Србија донесе одлука за распуштање на Народното собрание и официјално го достави предлогот до претседателот на Републиката, со барање да бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Премиерот Ѓуро Мацут во образложението наведе дека по парламентарните избори одржани на 17 декември 2023 година, политичките актери добиле можност да предложат дополнителни мерки за подобрување на изборниот процес и законската регулатива.

Според Владата, во изминатиот период бил постигнат значителен напредок во подобрувањето на изборните услови, особено преку спроведување на дел од препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ.

Мацут смета дека одржувањето на нови парламентарни избори во актуелните околности би можело да придонесе за зајакнување на демократските процеси и намалување на политичките и општествените тензии во земјата.

Во образложението на Владата се посочува дека изборите треба да придонесат и за надминување на политичките поделби, намалување на говорот на омраза и почитување на правото на граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови за политички, економски и други прашања.

Од Владата оценуваат дека изборниот процес би бил и можност за дополнително афирмирање на европските вредности и демократските стандарди во Србија.

Сега конечниот чекор е во рацете на претседателот, кој треба да одлучи дали и кога ќе ги распише предвремените парламентарни избори.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin