УТРО.мк

Сите осомничени за трагедијата на железничката станица во Нови Сад пуштени од притвор

Сите осомничени за трагедијата на железничката станица во Нови Сад пуштени од притвор
Vero

Апелациониот суд во Нови Сад донесе одлука за укинување на притворот за уште петмина осомничени поврзани со трагедијата на железничката станица во овој град, при што животот го загубија 16 лица по уривањето на бетонска настрешница. Тие ќе бидат во домашен притвор во времетраење од три месеци.

Со оваа одлука, ниту еден од вкупно 13-те приведени лица по несреќата повеќе не се наоѓа во затворски притвор.

Обвинението поднесено од Вишото јавно обвинителство на 30 декември минатата година беше вратено во април од Вишиот суд во Нови Сад на дополнување, со образложение дека „предметот бара подетално разјаснување за суштината на случајот“. Истражната постапка продолжува.

Истрагата ја води и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое во март поднесе обвинение за сериозни пропусти во надзорот и изведбата на реконструкцијата, што доведоа до уривањето на конструкцијата.

Реконструираната железничка станица беше свечено отворена само четири месеци пред трагедијата, со најави дека објектот ги надминува европските стандарди. Несреќата предизвика силни реакции во јавноста и масовни протести низ Србија, со барања за одговорност од надлежните институции.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран