
Во близина на Темишвар, на околу 80 километри од границата со Србија, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК. Според информациите од романските медиуми, навивачите биле на пат кон Франција за натпреварот од Лигата на Европа против Лион.
Несреќата се случила кога комбе со навивачи го престигнало возилото пред него, но потоа се префрлило во спротивната лента и се судрило со камион. На интернет се појави видео од несреќата, кое покажува како комбето буквално се распаѓа при ударот.
Тројца навивачи успеале да преживеат, додека останатите седум загинале на лице место. Полицијата и брзата помош веднаш интервенирале и излегле на местото на несреќата, каде што возилото останало непрепознатливо.
Оваа трагедија ја потресе фудбалската јавност во Грција и регионот, а клубот ПАОК изрази длабоко жалење за загинатите навивачи.



























