УТРО.мк

Бугарија трпи економска штета од блокадите на границите со Србија и Македонија

Бугарија трпи економска штета од блокадите на границите со Србија и Македонија
Vero

Бугарија бележи значителни економски загуби поради блокадите на граничните премини со Србија и Северна Македонија, изјави бугарскиот вицепремиер во оставка и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, на Софискиот економски форум.

„Ваквите блокади не само што ги кршат основните права, како правото на слободен премин и транспорт на стоки, туку предизвикуваат сериозни економски последици за транспортниот сектор и сите други индустрии зависни од снабдувањето“, рече Караџов, додавајќи дека економските загуби ќе бидат значајни за сите засегнати земји, не само за Бугарија.

Тој нагласи дека решението не е во еднострани блокади, туку во дијалог со европските институции, кои можат да посредуваат и да помогнат да се најде компромис што ќе ја отвори можноста за слободен премин на стоки додека траат преговорите. Караџов најави дека ќе иницира создавање „прозорци“ на граничните премини за товарниот сообраќај, иако истакна дека тоа тешко ќе се реализира.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран