УТРО.мк

Пописот од 2023 година: Муслиманите повеќе не се мнозинство кај Албанците, историска промена во религиозната структура

Пописот од 2023 година: Муслиманите повеќе не се мнозинство кај Албанците, историска промена во религиозната структура
Vero

Според резултатите од пописот во 2023 година, муслиманите повеќе не сочинуваат мнозинство од албанското население, првпат по повеќе од два века, јави хрватскиот портал Индекс.хр.

Новите податоци покажуваат дека муслиманите сега изнесуваат 45,7% од населението, што претставува пад од над 30% во споредба со пописот од 2011 година.

Пописот го вклучува и религиозното малцинство на муслиманите Бекташи, кои сочинуваат 4,8% од населението и се пријавени како посебна верска група. Овој суфиски исламски ред со шиитско потекло постои од 13 век и се смета за посебна религиозна заедница во Албанија.

Христијаните сочинуваат 15,6% од населението, од кои 8,4% се католици, а 7,2% православни. Во категоријата „религиозна деноминација“ се 13,8%, додека атеистите изнесуваат 3,6%.

Оваа промена е историски значајна и го одразува нестабилниот религиозен пејзаж во земјата која децении наназад бележи големи демографски флуктуации.

Според извештајот на „Туркие Тудеј“, Албанија во последната деценија изгубила околу 15% од своето население, главно поради масовна емиграција и пад на наталитетот. Експертите тоа го поврзуваат со недостатокот на перспектива за младите кои бараат работа и подобар живот во странство.

Историски, Албанија била католичка земја во периодот по римските освојувања. Исламизацијата следела во 15 век со доаѓањето на Отоманската империја. Во последните децении, благодарение на близината и силните врски со Грција, каде што многу Албанци работат и зборуваат грчки, православното христијанство бележи повторен раст.

20 век, пак, остави силен белег на религиозната структура. По Втората светска војна, под комунистички режим, религијата беше речиси целосно забранета речиси половина век, до падот на режимот во 1992 година.

По НАТО бомбардирањето на Југославија во 1999 година, голем број етнички Албанци од Косово побегнаа во Албанија, дополнително оптоварувајќи ја економијата. Иако земјата доживеа економски раст во следната деценија, сè уште се соочува со висока невработеност, корупција и слаб економски развој.

И покрај проблемите, Албанија станува се попривлечна туристичка дестинација. Ниски цени, природна убавина и популарноста на видеата од националните паркови на социјалните мрежи ја носат земјата во центарот на вниманието како „европски Малдиви“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран