УТРО.мк

Подметнат пожар на Божиќ пред католичката катедрала во центарот на Нови Сад, нема повредени

Подметнат пожар на Божиќ пред католичката катедрала во центарот на Нови Сад, нема повредени
Vero
novi sad
novi sad

Брзата интервенција на пожарникарите спречи поголема трагедија откако рано утрово избувна пожар на споредниот влез од католичката црква „Име на Марија“ во строгиот центар на Нови Сад. Огнот бил брзо локализиран, а според досегашните сознанија, во инцидентот нема повредени лица.

Првичните информации од локалните медиуми укажуваат дека пожарот не бил случаен, туку намерно предизвикан, при што е причинета материјална штета на страничната врата од катедралата. Надлежните служби водат истрага за да се утврдат околностите и мотивите зад овој чин.

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, реагираше остро, оценувајќи го настанот како чин на вандализам и насилство што директно ги нарушува основните вредности на градот. Тој порача дека Нови Сад со децении гради имиџ на средина во која владеат толеранција, меѓусебно почитување и слобода на вероисповед, нагласувајќи дека секој напад врз верските објекти претставува напад врз безбедноста и соживотот на сите граѓани.

Свештеникот на црквата, Атила Желер, изјави дека засега немаат конкретни информации за причините за инцидентот и дека очекуваат официјално соопштение од полицијата. Според неговите зборови, се претпоставува дека огнот бил подметнат во раните утрински часови.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран