УТРО.мк

Самсунг (Samsung) ја реосмислува иднината на дизајнот на “CES 2026“, водејќи ја технологијата за човештвото

Самсунг (Samsung) ја реосмислува иднината на дизајнот на “CES 2026“, водејќи ја технологијата за човештвото
Vero

Завршната сесија од серијалот “Tech Forum CES 2026“ на Самсунг (Samsung) ја истакна човечката страна на технологијата со водечки дизајнери

Скопје, 9 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) ја одржа завршната сесија од својата серија “Tech Forum CES 2026“, со наслов „Човечката страна на технологијата: Дизајнирање на иднина вредна за живеење“ (орг. “The Human Side of Tech: Designing a Future Worth Living“), во просторот на “Прв Поглед“ (“The First Look“) на “Самсунг“ (“Samsung“) во “Wynn Las Vegas“. На панелот, модериран од Деби Милмен (Debbie Millman), водителка на „Design Matters“, учествуваа Главниот Директор за дизајн на “Samsung“, Мауро Порчини (Mauro Porcini), како и водечките дизајнери од индустријата Карим Рашид (Karim Rashid) и Фабио Новембре (Fabio Novembre).

Со минимализмот што ја дефинираше визуелната јазична рамка на технолошката индустрија во изминатите две децении, овој панел на дизајнери, организиран од “Samsung“, го отвори прашањето: “Што следува понатаму?“. Заедно, панелистите истражуваа како потопла, поекспресивна и емоционално порезонантна технологија може да обликува значајни искуства во денешната ера на вештачката интелигенција, истовремено трасирајќи пат напред за индустријата.

Дизајнот како чин на љубов

Сесијата опфати заеднички поглед на целта на дизајнот како суштински насочен кон луѓето.

„Во последните години, дизајнот во технологијата стана донекаде унифициран,“ изјави модераторката Деби Милмен. „Во споредба со другите индустрии, униформноста во светот на технологијата е аномалија. Што ако ја прошириме технологијата подалеку од спецификациите и функционалноста?“

“Samsung“ во моментов се занимава со ова прашање, внесувајќи значење пошироко од самите производи, со фокус на тоа како технологијата се вклопува во животите, искуствата и потребите на луѓето. Панелистите дискутираа за сè поголемата важност на овој начин на размислување во актуелниот пејзаж, во кој традиционалните бариери за влез, како пристапот до алатки, обемот и техничките способности, продолжуваат да се намалуваат.

Човечката страна на технологијата

Дискусијата ја истакна улогата на технологијата во тоа намерите, грижата и човечноста да станат видливи во секојдневниот живот. Панелистите коментираа дека технологијата треба да им помогне на луѓето да ја препознаат промисленоста вградена во производите што ги внесуваат во своите домови и рутини.

Во овој контекст, Главниот Директор за дизајн на “Samsung“, Мауро Порчини, ја сподели целта на дизајнот на “Samsung“: збогатување на квалитетот на животот на луѓето преку значајна технологија, дизајнирана за човештвото. Тој ја истакна посветеноста на компанијата да им помогне на луѓето да живеат подолго, подобро, погласно и да остават трага, преку напредни технологии што поддржуваат благосостојба, креативност и самоизразување.

Панелистот Карим Рашид се надоврза на ова, велејќи: „Кога размислуваме за физичките предмети во нашиот свет, не размислуваме само за разновидноста на изборот, туку и за фактот дека можеме да развиеме силни врски со објектите. Преку дизајнот, можете да создадете многу силна, емоционална врска со неживи објекти, па дури и со производи.“.

Дизајнирање водено од човечки вредности

Панелот продолжи да истражува како вештачката интелигенција може да отвори нови можности за изразување кога е обликувана од човечки вредности. Панелистите споделија став дека “AI“ го достигнува својот вистински потенцијал кога е водена од Емоционална интелигенција и Човечка имагинација, не како замена за човечката креативност, туку како сила што ја проширува.

Главниот Директор за Дизајн Порчини го артикулираше ова преку концептот „AI × (EI + HI)“ (Вештачка Интелигенција * (Емоционална Интелигенција + Човечка Имагинација)) – неговиот пристап за балансирање на Емоционалната интелигенција и Човечката имагинација со цел да се внесе значење во иновациите. Објаснувајќи ја оваа филозофија, тој изјави: „Кога дизајнираме и развиваме, вештачката интелигенција се засилува преку емоционалната интелигенција и човечката имагинација. Потоа, кога луѓето ги користат производите, вештачката интелигенција ја засилува емоционалната интелигенција и човечката имагинација.“ Тој додаде: „Не плашете се од технологијата. Ние сме тука за да ја хуманизираме, да ја водиме и да ја обликуваме.“

Преку овие сознанија, сесијата го зацврсти уверувањето дека технологијата треба да биде хуманизирана, водена и обликувана за да им служи на животите на луѓето на сè понови и позначајни начини.

Експресивниот дизајн создава позначајни искуства

Дискусијата ја нагласи важноста на експресивниот дизајн во оживувањето на целта насочена кон човекот, создавајќи искуства што ја одразуваат емоцијата, го поддржуваат самоизразувањето, поттикнуваат поврзување и ја стимулираат имагинацијата.

„Среќата е целта на дизајнот,“ рече Фабио Новембре. „Нашата потрага по среќа е преку дизајнот, преку правење на невозможното – возможно. Цврсто верувам во дизајнот и дека тој мора повторно да се врати во центарот на вниманието.“

Панелистите истакнаа дека ова претставува поместување од едноставно дизајнирање објекти кон дизајнирање искуства, каде што емоцијата, значењето и идентитетот сè повеќе стануваат составен дел од начинот на кој луѓето се поврзуваат со технологијата. Овој пристап инспирира нов вид изразување, резултирајќи со дизајни што се движат од суптилни и минималистички до смели и имагинативни — сите со цел да се обликува иднина што не е само вредна за живеење, туку и вредна за љубов.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран