УТРО.мк

Осомничен за подметнување 10 пожари кај Задар од државата добил над 220.000 евра субвенции

Осомничен за подметнување 10 пожари кај Задар од државата добил над 220.000 евра субвенции
Vero

Еден од четворицата осомничени за предизвикување на десет пожари во областа Задар, Даниел Стегњаиќ, од 2017 година до денес добил повеќе од 220.000 евра земјоделски субвенции од хрватската држава, пишуваат хрватските медиуми.

Според податоците потврдени од Агенцијата за плаќања во земјоделството, рибарството и руралниот развој, Стегњаиќ вкупно добил 220.974,42 евра. Од оваа сума, 161.270,23 евра биле исплатени преку Европскиот фонд за гаранции во земјоделството, 57.340,43 евра преку Европскиот земјоделски фонд за рурален развој, а 2.363,76 евра биле од национални средства.

Стегњаиќ е уапсен заедно со Владимир Чупиќ, кој е познат во јавноста од аферата „Црн рид“, уште едно лице и 33-годишна жена од Полска.

Четворицата се осомничени дека намерно предизвикале десет пожари на 14 и 15 август во поширокото подрачје на Задар, меѓу кои во Билог Бриг, Земуник Доњи, Галовац, Доњи Биљани, Запужани, Земуник, Заград, Лишани Тињски, Шкабрња и Бенковац.

Против нив е поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против општата безбедност, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години.

Сите четворица се наоѓаат во притвор поради опасност од повторување на кривичното дело. За тројца дополнителна причина е и опасноста од влијание врз сведоци, додека за еден од осомничените е утврден и ризик од бегство.

Главниот државен обвинител на Хрватска, Иван Турудиќ, изјави дека не е исклучена можноста случајот дополнително да биде правно преквалификуван, вклучително и како терористички акт.

Истрагата треба да утврди кои биле мотивите за подметнувањето на пожарите, како и целокупните околности под кои биле предизвикани пожарите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin