УТРО.мк

Четворица осомничени за серија пожари во Хрватска: Подметнале оган на 10 локации

Четворица осомничени за серија пожари во Хрватска: Подметнале оган на 10 локации
Vero

Четири лица се приведени во Хрватска под сомнение дека намерно предизвикале серија пожари на десет локации во Задар и пошироката Задарска жупанија.

Станува збор за тројца хрватски државјани на возраст од 46, 45 и 42 години и 33-годишна жена, државјанка на Полска. Против нив полицијата спровела кривична истрага поради сомнение дека биле поврзани со подметнувањето на пожарите на 14 и 15 август.

Според досегашните сознанија на истрагата, четворицата наводно дејствувале според претходен план и меѓусебен договор. Пожарите ги предизвикувале со отворен пламен или со запалив материјал, користејќи запалка.

Полицијата се сомнева дека со нивните постапки бил загрозен животот на луѓето и имотот од голема вредност, односно дека бил доведен во опасност поголем број жители на Задарската жупанија.

По наредба на надлежниот истражен судија од Окружниот суд во Задар, полицијата извршила претреси во домовите, други простории и возилата што ги користеле осомничените.

При претресите биле пронајдени и оружје и муниција. Од 42-годишниот осомничен полицијата одзела полуавтоматска пушка со 44 куршуми, додека кај 46-годишниот бил пронајден пиштол и неколку мобилни уреди.

По завршувањето на кривичната истрага, четворицата осомничени биле предадени на надлежната служба за притвор при Полициската управа во Задар, во законски предвидениот рок.

Истрагата продолжува, а за настанатите пожари и улогата на секој од осомничените ќе одлучуваат надлежните институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin