УТРО.мк

Навивачи од Торцида со бакљи и песни пред затворот во Шибеник: Привремено блокиран сообраќај, полицијата без коментар

Навивачи од Торцида со бакљи и песни пред затворот во Шибеник: Привремено блокиран сообраќај, полицијата без коментар
Vero

Вечерва околу 22 часот во центарот на Шибеник се случи невообичаен инцидент кога колона возила со сплитски регистарски таблички, во кои биле членови на навивачката група Торцида, пристигна пред првата полициска станица на ПУ Шибенско-книнска, во непосредна близина на Општата болница во градот. Настанот привремено го блокираше сообраќајот, предизвикувајќи вознемиреност кај случајните минувачи, јавува порталот ŠibenikIN.

По краткото задржување, навивачите се упатија пред затворот во Шибеник, каде запалија неколку бакљи и со гласно скандирање пееја песни посветени на фудбалскиот клуб Хајдук. Според неофицијални информации, нивното собирање било во знак на протест против притворањето на неколку припадници на Торцида кои моментално се наоѓаат во затворот, откако биле уапсени поради нередите на натпреварот меѓу Шибеник и Хајдук на стадионот „Шубиќевац“.

Целата ситуација ја следела полицијата, но засега нема официјална изјава за инцидентот. Не е познато дали против учесниците ќе бидат поднесени прекршочни или кривични пријави.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран