УТРО.мк

Марта Кос со предупредување до Србија: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Марта Кос со предупредување до Србија: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“
Vero

Еврокомесарката за проширување Марта Кос упати предупредување до српските власти по најавите за погребот на поранешниот командант на Војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, со највисоки државни и воени почести.

Кос, говорејќи на Бледскиот стратешки форум, истакна дека Младиќ е осуден воен злосторник кој издржуваше доживотна казна затвор за геноцид и злосторства против човештвото.

„Величењето на Ратко Младиќ како воен злосторник е спротивно на темелните европски вредности и нема место во Европската Унија, ниту во земјите кои сакаат да станат членки на Унијата. Се надевам дека Владата во Белград е свесна што е во прашање“, порача Кос.

Таа додаде дека Европската комисија внимателно ќе ја следи ситуацијата во Србија и дека односот на властите кон случајот со Младиќ ќе биде земен предвид при проценката на понатамошниот напредок на земјата.

Најавите за државни и воени почести предизвикаа реакции и во самиот Белград. Министерот за правда Ненад Вујиќ изјави дека Младиќ има право на сите воени и државни почести, но претседателот Александар Вучиќ потоа нагласи дека за такво нешто не е донесена никаква одлука.

Ратко Младиќ беше началник на Генералштабот на Војската на босанските Срби од 1992 до 1995 година. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг во 2017 година го осуди на доживотен затвор за геноцид и други злосторства, а пресудата беше потврдена во 2021 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin