УТРО.мк

Попладне нè очекува ново невреме: пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Попладне нè очекува ново невреме: пороен дожд, грмежи, силен ветер и град
Vero

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, но во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност и појава на пороен дожд и грмежи.

Според УХМР, локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе прераснат во невреме, проследено со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени Целзиусови.

Нестабилното време ќе продолжи и утре претпладне, кога повторно се очекуваат локални врнежи, грмежи и засилен ветер, а на места и невреме со град.

Потоа, до почетокот на следната седмица, се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin