
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на полицијата во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и сите надлежни органи да ја прошират истрагата и во другите општини каде што постојат сомнежи за слични незаконски активности, како и да се разбие целосната мрежа што стои зад овој организиран криминал поврзан со издавањето бугарски пасоши.
Воедно, бараме надлежните институции да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање лажни потврди за бугарско потекло, туку и за влијанието што мрежата на посредници за бугарски пасоши го имала за време на пописот во 2023 година на целата територија на Албанија. Постојат сериозни индикации дека преку злоупотреба на позицијата и влијанието биле инсталирани свои попишувачи, а врз граѓаните бил вршен притисок, закани и поткуп со цел да се изјаснат како Бугари, што претставува класичен пример на пописен инженеринг.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана останува цврсто посветена на заштитата на идентитет на македонското малцинство во Албанија и на почитувањето на законите и европските вредности.























