УТРО.мк

СЕКУНДИ ДО МОЖНА ТРАГЕДИЈА: Избегнат тежок инцидент на автопатот Скопје – Велес

СЕКУНДИ ДО МОЖНА ТРАГЕДИЈА: Избегнат тежок инцидент на автопатот Скопје – Велес
Vero

Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера попладне лишиле од слобода 81-годишен жител на Крива Паланка, откако бил затекнат како вози во спротивен правец на автопат.

Инцидентот се случил на 19 април околу 17:30 часот, при сообраќајна контрола кај наплатната станица Сопот, на автопатот Скопје-Велес. Полицијата запрела патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.А., при што било утврдено дека се движел во недозволена насока, спротивно на сообраќајните правила.

По насоки на јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните апелираат до возачите на строго почитување на сообраќајната сигнализација и правилата, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и спречување на сериозни сообраќајни несреќи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран