УТРО.мк

Македонската алијанса за европска интеграција: Македонците во Албанија се соочуваат со притисоци околу националните симболи

Македонската алијанса за европска интеграција: Македонците во Албанија се соочуваат со притисоци околу националните симболи
Vero

Според Годишниот извештај за 2025 година на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Македонците во Албанија во текот на изминатата година се соочиле со сериозни притисоци поврзани со ограничување на употребата на македонските национални симболи.

Во извештајот се наведува дека претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, припадник на грчкото малцинство во Албанија, во повеќе наврати побарала Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), македонските организации, како и Општина Пустец, да не го користат Сонцето од Кутлеш како свој симбол. Како образложение било наведено дека, согласно Преспанскиот договор, станувало збор за „грчки симбол“.

Од МАЕИ реагираат дека ваквите барања се неосновани и претставуваат директен обид за ограничување на правото на културно и идентитетско изразување на македонската заедница во Албанија. Партијата потенцира дека Сонцето од Кутлеш со години легално се користи од македонските организации и институции во Албанија, во согласност со важечкото албанско законодавство и без прекршување на каква било законска норма.

Во врска со овие притисоци, како што се наведува во извештајот, МАЕИ ги информирала надлежните албански институции, како и дипломатските претставништва на странските мисии во Албанија, меѓу кој и македонската амбасада. Притоа, било укажано дека ваквите обиди за забрана и оспорување на традиционалните симболи се недозволиви и спротивни на европските стандарди за заштита на правата на националните малцинства.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран