УТРО.мк

Косово ќе инвестира во производство на дронови и милијарда евра за војската

Косово ќе инвестира во производство на дронови и милијарда евра за војската
Vero

Премиерот во технички мандат, Албин Курти, најави дека во следните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за зајакнување на косовските безбедносни сили (КБС), вклучително и развој на беспилотни летала со ознаката „Made in Kosovo“.

Курти, кој неодамна беше избран од Генералниот совет на Движењето Самоопределување за нов мандатар, истакна дека Косово ќе ја продлабочи соработката со земјите-членки на НАТО, ќе ја стави во функција фабриката за муниција и ќе ја развива домашната воена индустрија.

„За нашата армија во следните четири години ќе издвоиме над една милијарда евра. Ќе развиеме беспилотни летала ‘Made in Kosovo’ и ќе ја унапредиме воената индустрија“, изјави Курти.

Тој најави и формирање на Заедничка воена единица со Оружените сили на Албанија, како и интензивно регрутирање на нови кадри, со цел војската да брои најмалку 1.000 жени и девојки-војници во новиот мандат.

Програмата за сеопфатна одбрана, според него, ќе се спроведува низ целата земја, а секој доброволен резервен војник ќе добие обука и оружје за можни мобилизации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран