Двајца полицајци загинаа, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во западниот турски град Измир, објави агенцијата Анадолија.
Напаѓачот, 16-годишно лице, отвори оган со пушка врз станицата во населбата Балчова. Ранетиот полицаец е пренесен во болница и се наоѓа под лекарска грижа.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерлијака, соопшти на социјалните мрежи дека напаѓачот е уапсен, додека министерот за правда Јилмаз Тунч информира дека локалното обвинителство отвори истрага за инцидентот.