УТРО.мк

Индустрискиот гигант по 60 години затвора во БиХ – Стотици работници остауваат на улица

Индустрискиот гигант по 60 години затвора во БиХ – Стотици работници остауваат на улица
Vero

Повеќе од 800 вработени во Коксара Лукавац, една од најголемите индустриски фабрики во Босна и Херцеговина, останаа без работа од понеделник, по одлуката за нејзина ликвидација. По 60 години работа, фабриката, која беше водечки производител на металуршки кокс во регионот, започна со постепено затворање на капацитетите со цел да се намали загадувањето на животната средина.

Коксарата, основана за време на индустријализацијата во Југославија, произведуваше кокс за високи печки за производство на железо, а исто така и суров бензен, катран и електрична енергија. Со сегашниот стечај, заинтересираните страни можат да го купат имотот на фабриката на околу 102 хектари, со проценета вредност од околу 100 милиони евра, вклучувајќи капацитети за производство на малеински анхидрид, фабрика за коксирање, соларна електрана и железнички транспорт.

Претседателот на синдикатот на Коксара, Ермин Халиловиќ, изјави дека владите на кантоните и Федерацијата на Босна и Херцеговина не успеале да најдат стратешки партнер за фабриката, предупредувајќи дека ваквите одлуки ќе влијаат и на други индустриски гиганти, како Зеничката железара и Федералните железници.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран