
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ упати критика кон европската визија за иднината, според која енергијата ќе биде чиста, а стариот товар од минатото и гревовите на континентот ќе се избришат. „Тоа е идеална слика, но нереална Аркадија“, рече тој, предупредувајќи дека реалноста е далеку поцрна.
Милановиќ истакна дека вооружувањето е енергетски прескап процес: тенкови, оклопни возила и останатата воена опрема бараат огромни количини на енергија, за која Европа плаќа висока цена – но никој не сака да зборува за тоа.























