УТРО.мк

Гужви на Евзони: Долги колони за влез во Грција

Гужви на Евзони: Долги колони за влез во Грција
Vero

Долги колони возила утрово се формираа на граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, каде што голем број граѓани чекаат за влез во Грција.

Според информациите од терен, меѓуграничниот простор е речиси целосно исполнет со возила, а времето на чекање е подолго од вообичаеното. Со почетокот на викендот и интензивирањето на летната туристичка сезона, значително е зголемен бројот на патници кои се упатуваат кон грчките туристички дестинации.

Најголемиот притисок на преминот се очекува во текот на претпладневните часови, кога традиционално најголем број туристи тргнуваат на пат.

На возачите им се препорачува да бидат трпеливи, да ги следат информациите за состојбата на граничните премини и, доколку имаат можност, да го прилагодат времето на поаѓање за да избегнат дополнителни задржувања.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin