УТРО.мк

Грчката служба за национална безбедност истражува масовна купопродажба на имоти од Бугари и Турци во Северна Грција

Грчката служба за национална безбедност истражува масовна купопродажба на имоти од Бугари и Турци во Северна Грција
Vero

Грчката Служба за национална безбедност започна детална истрага поради масовно купување земјиште, куќи и недвижности од страна на државјани на Бугарија и Турција во северниот дел на Грција, пренесуваат регионалните медиуми.


Според извештаите, странските државјани во последниот период значително ги зголемиле трансакциите на имот, вклучувајќи купување напуштени куќи во депопулирани села по многу ниски цени, кои подоцна ги реновираат и планираат да ги искористат за населување.


Истрагата е покрената поради загриженост кај грчките служби дека ваквата динамика може да има пошироки социо-економски и демографски последици во граничните региони, но и затоа што дел од купопродажбите се извршени преку сложени корпоративни структури што ги вклучуваат бугарски компании со ко-сопственици од Турција.


Локалните адвокати и нотари забележуваат дека европското законодавство е почитувано во процесот на купопродажба, но прашањата што ги поставуваат грчките власти се поврзани со потеклото на средствата и вистинската намена на инвестициите.


Бугарските државјани најчесто купуваат напуштени објекти во села и планински места, додека турските инвеститори, преку корпоративни структури, вложуваат во хотели и повисоко вредни недвижности, што дополнително ја зголемува сосема новата динамика на пазарот на имот.


Пратениците во грчкиот парламент од владејачката партија „Нова демократија“ веќе испратиле официјално писмо со барање за итна промена на законодавството што ги регулира правата на странци да поседуваат имот во Грција, како одговор на загриженоста од „непознати мотиви“ зад купопродажбите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран