УТРО.мк

Гори штабот на партијата од Вучиќ во Ваљево

Гори штабот на партијата од Вучиќ во Ваљево
Vero

Колона на демонстранти вечерва стигна до Градскиот одбор на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево. Во еден момент, дел од учесниците почнале да фрлаат камења и пиротехнички средства кон просториите на партијата.

Еден млад човек фрлил бакла, по што целото седиште на СНС почнало да гори. Прозорците на првиот кат се скршени. Во зградата немало полицајци, симпатизери или активисти на СНС во тоа време.

На местото на настанот интервенирале пожарникари за да го изгаснат пожарот, пренесува Nova.rs.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран