На грчкиот остров Крит е спроведена голема специјална операција против моќна криминална група, објави весникот „Катимерини“.
Во акцијата се приведени 48 лица, а меѓу нив има и припадници на полицијата и вооружените сили – еден полицаец, еден морнар и еден војник од воздухопловните сили.
Запленети се канабис, кокаин, пиштоли, автоматски пушки и повеќе возила, а истрагата започнала по напад со експлозивна направа врз полицаец.
Грчките власти најавуваат дека ова е само почеток на голема акција за разбивање на мрежи вклучени во дрога, оружје, изнуда и организиран криминал.