УТРО.мк

Голем удар за Србија – НИС ќе престане со работа

Голем удар за Србија – НИС ќе престане со работа
Vero

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека рафинеријата „Нафтена индустрија на Србија“ (НИС) во Панчево нема добиено лиценца од САД за работа, поради што државата ѝ дала дозвола да престане со активностите.

„Очекувавме одобрение од САД за снабдување на нашата рафинерија со нафта, но не добивме позитивна одлука“, истакна Вучиќ по состанокот со тимовите за енергетска стабилност и безбедност. Тој додаде дека е изненаден од ваквиот исход.

Вучиќ посочи дека руските сопственици на компанијата не се подготвени да го продадат својот удел, а хрватскиот ЈАНАФ не дозволил увоз на нафта што не би била наменета за Панчево, туку за нивните стокови резерви. Рафинеријата моментално работи во топла цискулација и губи околу 370.000 евра дневно.

Српскиот претседател додаде дека НИС има доволно време да ги исплати платите на вработените, да ги подмири добавувачите и да ги подготви вработените за наредните чекори. Тој предупреди и дека секоја банка што ќе продолжи да соработува со НИС би можела да биде санкционирана, што би имало сериозни последици врз финансискиот систем и инвестициониот рејтинг на Србија.

Вучиќ истакна дека снабдувањето со керозин и авио-гориво во земјата ќе остане стабилно до крајот на јануари, а земјата води преговори за нови договори со Арапските земји, Унгарија, Велика Британија и САД.

Американските санкции врз НИС стапија на сила на 9 октомври со цел да се спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина. Србија има 29,87% од акциите на компанијата, додека останатиот удел е во рацете на руски компании.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран