УТРО.мк

Голем пожар во Грција: Авионска и копнена битка со пламените јазици

Голем пожар во Грција: Авионска и копнена битка со пламените јазици
Vero

Во Грција продолжува борбата со нов голем пожар што зафати пошироко подрачје со расфрлани станбени згради. Според грчкиот портал „Прототема“, во гаснењето учествуваат 42 пожарникари и тимови на планинари на терен, додека од воздух интервенираат пет противпожарни авиони и два хеликоптери.

Иако засега нема информации за повредени или загинати, пожарот се приближува до населени места, но надлежните уверуваат дека засега нема непосредна опасност за објектите.

Ова е само еден од низа пожари што ја зафатија Грција во последните денови. Изминатата недела беа регистрирани повеќе активни жаришта, а високите температури и сувиот ветер придонесуваат за брзото ширење на огнената стихија.

Во петокот пожар избувна и во регионот околу Солун, но беше навремено изгаснат. Во него беа уништени неколку хектари, но за среќа немаше човечки жртви. Причината за новиот пожар сè уште не е утврдена.

Властите апелираат до граѓаните и туристите да останат информирани и да ги следат упатствата на службите, особено оние кои престојуваат во области со зголемен ризик од пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран