УТРО.мк

Член на нарко-клан од Бар екстрадиран од Уругвај во Црна Гора

Член на нарко-клан од Бар екстрадиран од Уругвај во Црна Гора
Vero

Ардијан Ајдарпашиќ, припадник на нарко-клан од Бар, синоќа беше екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, каде веднаш ќе биде спроведен во затвор за да ја одслужи двегодишната казна.

По него беше распишана меѓународна потерница од НЦБ Интерпол Подгорица, врз основа на наредба од Основниот суд во Бар. „Тој е осуден за кривично дело – неовластено производство, поседување и дистрибуција на наркотични дроги“, соопшти полицијата.

Ајдарпашиќ првично беше уапсен во март 2023 година во Уругвај, за време на големата акција „Виртус“, кога локалната полиција заплени повеќе од 1.200 килограми кокаин. Во акцијата беа уапсени десет лица, меѓу кои и двајца црногорски државјани.

По отслужување на казната во Уругвај, Ајдарпашиќ повторно беше уапсен по меѓународна потерница, а неговата екстрадиција во Црна Гора ја извршија службеници на Интерпол Подгорица со поддршка на Специјалната полициска единица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран