УТРО.мк

Бугарија ги претстави своите евро-монети со национални симболи и кирилица

Бугарија ги претстави своите евро-монети со национални симболи и кирилица
Vero

Бугарската народна банка го откри дизајнот на националната страна на своите евро-монети, кои ќе влезат во оптек со пристапот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година. На монетите се прикажани културни и историски мотиви што ја поврзуваат духовната традиција и државната историја на земјата.

Според усвоениот сет, Св. Иван Рилски ќе биде претставен на монетата од 1 евро, Паисиј Хилендарски на монетата од 2 евра, а „Мадарскиот коњаник“ ќе се појавува на сите ситни номинали од 1 до 50 евроценти. Европската централна банка на своите социјални мрежи објави „прв поглед“ на монетата од 2 евра, истакнувајќи ја врската со сегашните левови и традиционалните симболи „длабоко вкоренети во наследството“ на Бугарија. На рабната гравура на монетата ќе стои натписот „БОЖЕ ПАЗИ БЪЛГАРИЯ“, како омаж на историските ковани пари од времето на Царството.

БНБ појасни дека дизајните, првично усогласени во 2024 година, биле ревидирани во април 2025 само заради промена на годината на издавање од „2025“ во „2026“. Визуелните решенија го исполнуваат европското законодавство, со 12-те ѕвезди, името „БЪЛГАРИЯ“ на кирилица и останатите задолжителни елементи.

Со ова, бугарските евра ќе ги претставуваат светителите-заштитници и културната меморија, како и националната иконографија, задржувајќи визуелна блискост со сегашните лева за полесна транзиција кон заедничката валута. Ова е прв пат во Еврозоната кирилицата да се појави на официјални валути, шанса која Македонија ја пропушти поради политички одлуки, иако од раните 2000-ти е земја-кандидат за членство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран