
Беспилотно летало утрово во 8:10 часот навлегло во воздушниот простор на Бугарија, соопшти бугарскиот премиер Румен Радев по денешната седница на Советот за безбедност при Владата.
По инцидентот, Радев свикал вонредна седница на Советот за безбедност, на која присуствувале клучни претставници на бугарските безбедносни и државни институции.
На состанокот биле присутни министрите за внатрешни работи, надворешни работи, одбрана и финансии, началникот на одбраната, како и претставници на ДАНС, ДАР и ДАТО.
Засега нема официјални информации за потеклото на леталото, неговата цел или колку време се задржало во бугарскиот воздушен простор.
Надлежните институции продолжуваат со проверките, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат по завршувањето на истрагата.

















