УТРО.мк

Белград ќе добие директна железничка линија до Виена – старт во 2026 година

Белград ќе добие директна железничка линија до Виена – старт во 2026 година
Vero

Унгарските железници (MÁV) следната година, покрај Будимпешта, ќе го поврзат со воз и главниот град на Србија со Виена, потврдија за порталот N1.

Долгoочекуваната железничка линија меѓу Белград и Будимпешта, според последните најави, треба да биде воспоставена напролет 2026 година. Но тоа не е сè – два воза дневно од Белград, според сознанијата на N1, ќе продолжуваат понатаму од унгарската престолнина – до Виена. Во спротивна насока, од Виена кон Белград, исто така ќе има две поаѓања дневно.

На веб-страницата на „Инфраструктура железници Србије“ (ИЖС) пред извесно време накратко се појави нацрт на возен ред за 2025/26 година. Иако се однесува само на делницата низ Србија, од него е јасно дека меѓу Белград и Будимпешта ќе сообраќаат по шест возови дневно во двата правци – три од нив ќе ги управува „Србијавоз“ (со новите брзи возови од кинескиот производител CRRC), а три унгарскиот MÁV.

Љубителите на железницата забележале дека два воза на MÁV кои ќе сообраќаат до Белград и два кон Будимпешта имаат исти броеви како и сегашните возови што возат меѓу Будимпешта и Виена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран