УТРО.мк

Антитерористичка офанзива во Турција: Приведени 357 осомничени за поврзаност со ИД

Антитерористичка офанзива во Турција: Приведени 357 осомничени за поврзаност со ИД
Vero
policija
policija

Турските безбедносни сили спроведоа масовна антитерористичка операција во која беа приведени 357 лица осомничени за поврзаност со Исламска држава, соопштија надлежните институции. Акцијата била реализирана еден ден по вооружен инцидент во северозападниот дел на земјата, при што животот го загубија тројца полицајци и шестмина припадници на ИД.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека рациите биле извршени во 21 провинција низ Турција, како дел од засилените мерки за спречување на терористички активности.

Според властите, безбедносните служби ги зголемиле активностите во пресрет на новогодишните празници, поради разузнавачки информации за можни напади од страна на Исламска држава.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран