Во еден од хотелите во Будва, цената за користење на чадор за сонце и две лежалки достигна неверојатни 150 евра, што предизвика лавина реакции и незадоволство кај туристите. Хотелот „Авала“ стана центар на внимание откако оваа информација се прошири на социјалните мрежи.
„Како да е Будва на Хаваи, а не на Јадранот“, „Од што ли се направени тие лежалки и чадори?“, „39 години летувам во Црна Гора, не затоа што не знам за подобро, но сеуште најубаво ми е тука. Ако продолжат вака, сериозно ќе размислувам за други дестинации“, се дел од коментарите.
Еден корисник на Твитер се пошегува: „Кога ќе заврши летувањето, туристите добиваат подарок ‘плажен мебел’?“
Оваа необична цена ја отвори дебатата за скапотијата во познатото летувалиште, што може да влијае на изборот на идните туристи.