УТРО.мк

Софија со новa провокација: „Македонскиот идентитет“ е спротивен на европските вредности!

Софија со новa провокација: „Македонскиот идентитет“ е спротивен на европските вредности!
Vero

Бугарското Министерство за надворешни работи остро реагираше по извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), повторувајќи дека имплементацијата на европскиот консензус од 2022 година е единствената патека за ЕУ-интеграцијата на Македонија.

„Бугарија останува доследна на сите елементи од консензусот. Без негово исполнување, нема напредок“, соопштија од МНР во Софија, потсетувајќи на одлуките на бугарското Собрание од јуни 2022 и мај 2025 година.

Софија особено го поздрави ставот на АФЕТ против, како што наведуваат, „шпекулативните националистички наративи за вековен македонски идентитет“, оценувајќи дека тие се навредливи за Бугарите и за другите заедници во Македонија и се косат со европските вредности.

Министерството под водство на Георг Георгиев оцени дека македонските власти често го манипулираат ставот на Бугарија за идентитетските прашања за да избегнат исполнување на преземените обврски.

„Имаме две главни загрижености: заштитата на правото на самоопределување на Бугарите во Македонија и запирање на провокации кон милиони бугарски граѓани, од кои многумина имаат корени од регионот Македонија“, се вели во реакцијата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран