Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans.
Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.
Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.



























