
Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат на заеднички ангажман и посветеност, со цел да се врати препознатливиот сјај на Гевгелија.
„Вечерната магија на Старата чаршија во Гевгелија. Драго ми е што заеднички направивме сè да се реализира овој проект кој го враќа сјајот на Гевгелија“, порача Николоски.
Тој посочи дека ваквите проекти се дел од заложбите за развој и унапредување на градовите и подобрување на условите за граѓаните.
„Ја градиме Македонија!“, порача Николоски.

















