УТРО.мк

Европа ја очекува тежок период полн со предизвици? Една моќна држава испрати сериозно предупредување до ЕУ

Европа ја очекува тежок период полн со предизвици? Една моќна држава испрати сериозно предупредување до ЕУ
Vero

Европската Унија повторно се соочува со ризик за енергетската безбедност, откако Катар – еден од најголемите извозници на течен природен гас (LPG) – предупреди дека може да ја прекине испораката кон Европа. Причината е новата Директива за длабинска анализа на одржливоста на корпорациите (CSDDD), со која Брисел бара строга контрола на целиот синџир на снабдување на компаниите што работат во ЕУ.

Министерот за енергетика на Катар и извршен директор на QatarEnergy, Сад Шерида ел Кааби, на конференција во Абу Даби критички ја оцени регулативата, истакнувајќи дека воведувањето на казни од 5% од прометот би ја направило соработката „економски неприфатлива“. Тој додаде дека Катар не може да постигне нулта емисија на јаглеводороди во блиска иднина, што дополнително ја комплицира соработката со Брисел, кој има цел за климатска неутралност до 2050 година.

Доха веќе испрати официјално предупредување до белгиската влада, нагласувајќи дека ако европските мерки не се ревидираат, Катар ќе бара алтернативни пазари за својот гас.

Овој потег е сериозен удар за Европа, бидејќи Катар покрива околу 12–14% од енергетските потреби на Унијата од 2022 година. Прекинот на снабдувањето може да предизвика нови ценовни шокови и нестабилност на пазарот на енергенси.

Директивата CSDDD е дел од европскиот „Зелен договор“ и обврзува големите компании да го анализираат влијанието врз човековите права и животната средина низ целиот синџир на снабдување. Меѓутоа, според Катар, строгите барања ја доведуваат идната соработка во прашање.

Ако ЕУ не направи компромис, европските земји би можеле наскоро повторно да се соочат со енергетска неизвесност – овој пат, не од Русија, туку од Катар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран