УТРО.мк

Линеарното зголемување на пензиите е укинато, 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помалку, вели Мицкоски

Линеарното зголемување на пензиите е укинато, 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помалку, вели Мицкоски
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Уставниот суд донел одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите. Според него, од наредниот месец околу 70% од пензионерите ќе добиваат помали пензии, бидејќи зголемувањата ќе се пресметуваат според старите проценти утврдени со Законот. Мицкоски ја критикуваше судијката што ја иницирала постапката, нарекувајќи ја „архетип на неправдата“.

Тој истакна дека укинувањето е „нередно“ и дека линеарното зголемување било наменето за помош на пензионерите со ниски примања погодени од транзицијата. Во исто време, Мицкоски предупреди дека следната одлука од истиот суд може да ги одмрзне платите на судиите и обвинителите.

Од опозициската СДСМ, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека состојбата со Фондот за пензиско е загрижувачка и дека за декемвриската пензија нема доволно средства, со оглед на зголемените трансфери од буџетот кои сепак не се доволни за исплата на сите обврски. Таа ја обвини Владата за популизам и финансиски неодговорни одлуки, додавајќи дека дефицитот во Фондот надминува 1 милијарда евра.

Заменик-министерот за социјала Ѓоко Велковски ја демантираше Тренчевска, тврдејќи дека не постои опасност од недостиг на пензии и дека сите обврски ќе бидат сервисирани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран