
Од 1 февруари 2026 година во Македонија започнува да функционира системот „Сејф сити“, кој ќе дозволува автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци преку камери и сензори, без класични полициски контроли.
Системот ќе се фокусира на четири главни прекршоци:
1. Пречекорување на дозволената брзина
Казните зависат од бројот на километри над дозволената брзина:
до 20 km/h: 20 евра од 20 до 30 km/h: 45 евра од 30 до 50 km/h: 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана најмалку 12 месеци
Во населено место казните се построги, до 500 евра со задолжителна забрана за управување.
2. Минување на црвено светло
За овој прекршок следува:
250 евра парична казна забрана за управување од 3 до 12 месеци
Доколку минувањето на црвено предизвика опасност или незгода, може да се одреди и кривична одговорност.
3. Возење со истечена сообраќајна дозвола или регистрација
100 евра казна за возачот 250 евра за сопственикот доколку е друго лице
Системот автоматски ја проверува важноста на дозволата преку регистрите на МВР.
4. Непрописно запирање и паркирање
30 евра за стандардни прекршоци 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот 50 евра за паркирање на место за лица со попреченост
Возилата што претставуваат ризик можат да бидат подигнати со пајак-служба, со дополнителни трошоци.
Попуст за брзо плаќање
Ако казната се плати во рок од осум дена, износот се намалува за 50%. По истекот на рокот, казната се плаќа во целост, со можност за присилна наплата.
Возач кој во рок од четири години добие три забрани за управување, автоматски ја губи дозволата, а повторно полагање е можно најрано по една година.
Со воведувањето на „Сејф сити“, Македонија го прави големиот чекор кон автоматско и поефикасно санкционирање на сообраќајните прекршоци, со цел поголема безбедност на патиштата.



























