
Жена на 86 години од Виница пријавила во полиција дека била измамена и останала без 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена во ОВР Виница, на 23 јануари 2026 година околу 08:50 часот, непознато лице ѝ се претставило како лекар од Словенија. Тој ѝ рекол дека нејзината ќерка, која наводно престојувала и работела во Словенија, се здобила со тешки повреди и итно ѝ е потребна операција за која е потребна поголема сума пари.
Жената, доверувајќи се на овие информации, подигнала 30.000 евра од банка и ги предала на лице што дошло во дворот на нејзината куќа за да ги земе парите. Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.



























