УТРО.мк

Коњановски со честитка за Курбан Бајрам: Заедништвото и почитта се нашата сила

Коњановски со честитка за Курбан Бајрам: Заедништвото и почитта се нашата сила
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба.

Во својата порака, Коњановски истакна дека Курбан Бајрам е празник кој ги носи вредностите на солидарноста, помирувањето, благосостојбата и дарувањето, нагласувајќи ја важноста на меѓусебното почитување и соживотот меѓу граѓаните.

„Меѓусебното почитување, разбирање и соживот, нека ни донесат многу заеднички и среќни мигови, соработка и напредок за нас и нашата општина“, се наведува во честитката.

Градоначалникот порача дека празничните денови треба да бидат потсетник за заедништвото, хуманоста и градењето подобра иднина за сите граѓани на Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран